Проектот за нов дизајн на Facebook тече со месеци и претставува една од најголемите промени на платформата. Компанијата се обиде да обезбеди минималистички дизајн што дополнително го олеснува откривањето на содржината на социјалната мрежа. Првото нешто што веројатно ќе ве импресионира е дека врвот на Facebook е веќе бел, за разлика од традиционалната сина нијанса, пренесува Digital.bg

Иконите за пристап до различните делови од профилот сега се во бели и сиви нијанси. Тука припаѓаат вклучуваат клучни табулатори на Facebook како што се “News Feed”, “Facebook Messenger”, “Watch”, “Marketplace”, “Group” и панелот за известувања.

Не можат да се занемарат ниту измените направени во официјалното лого на Facebook, со што буквата „F“ сега веќе е поставена на полесна сина, кружна позадина. Дистрибуцијата на новиот дизајн е веќе започната, пренесува Mirror.co.uk.