Доколку спаѓате во оние корисници кои имаат тенденција да отвораат голем број табови, понекогаш може да биде напорно и проблематично да се следи секој од тие табови. Добра вест за Chrome корисниците е дека Google наскоро ќе ја претстави опцијата за групирање табови, преку ажурирање кое пристигнува следната недела.

Ова е функција која Google веќе извесно време ја тестира, а компанијата сега е подготвена да ја овозможи за поголем број на корисници.

Групирањето на табови ќе им овзоможи на корисниците да ги групираат табовите и да им додаваат бои и емотикони. На корисникот е да одреди на кој начин сака да управува со табовите кога се прашање боите, а додатокот на ознаки и емотикони, исто така, ќе овозможи да биде појасно за што кој таб служи.

За оние кои се нестрпливи, Google ја овозможи функцијата во најновата Chrome Beta верзија.