Најпопуларната социјална мрежа во светот воведува уште една опција, овојпат во форма на виртуелно мавтање

Многумина веројатно се сеќаваат на функцијата Poke на Facebook, која служеше како потсетник на пријателите дека мислите на нив. Оваа можност и понатаму постои, но ретко кој ја користи денес. Наспроти тоа, оваа социјална мрежа воведува уште една опција, овојпат во форма на виртуелно мавтање кое едноставно се нарекува – Hello.

Новинарот на онлајн списанието, Мет Навара, бил помеѓу првите корисници кој на својот профил ја забележал оваа нова опција. Тој одлучил да ја испроба истата и брзо дошол до заклучок дека таа нема никаква креативна поента.

 

Новата функција моментno се тестира помеѓу корисниците на Велика Британија. Со еден клик на копчето кое прикажува рака како мавта, можете да го возвратите поздравот или да го игнорирате истиот.

Претставниците на Facebook велат дека новата функција помага во одржување на континуиран начин на комуникација помеѓу корисниците, а мавтањето со раката е одличен начин за олеснување на интеракцијата.