Со години наназад, еволуцијата на image сензорот се сведуваше на пакување на повеќе пиксели во сензорот и намалување на неговите физички димензии. Сега изгледа почнува новата ера на тоа поле, бидејќи Sony ги претстави првите сензори кои во кои во себе содржат AI чип. Во прашање се IMX500 и IMX501 сензори со резолуција од 12.3 MP. Тие се во состојба да ги извршат едноставните задачи на машинско учење, како што е препознавањето на објекти на сцената.

Ова можеби на прв поглед не изгледа многу возбудливо, но ќе им овозможи на камерите во уредите да бидат многу попаметни и покорисни. За почеток, ќе биде обезбедена поголема приватност на податоците, бидејќи сензорите ќе ги извршуваат сите AI задачи самостојно. Ова веројатно ќе има голема примена во Европа, поради GDPR, кој значително ограничува како организациите можат да ги употребуваат уредите за видео надгледување.

Вградената вештачка интелигенција значи дека информациите ќе се обработуваат во реално време. На пример, системот веднаш ќе може да го предупреди обезбедувањето ако некој од вработените влегува во просториите на компанијата без заштитна маска. Камерите можат да ги известуваат продавачите кога ќе се испразнат полиците со производи во продавниците, можат да откријат кои се најатрактивни места во продавницата врз основа на движењето на купувачите итн.

Секако, овие сензори нема да можат да ги заменат софистицираните cloud засновани системи за машинско учење, од проста причина што немаат толкава процесорска сила. Но, ова можеме да го сметаме за прв чекор во иднината, во која камерите ќе имаат интегрирани специјализирани компјутери, кои ќе вршат различни обработки на податоците.

Првите семплови на IMX500 се веќе испратени до партнерите на Sony, додека IMX501 ќе биде испратен во текот на јуни. Првите уреди кои би можеле да ги користат овие сензори би можеле да се појават на пазарот во текот на следната година.