Кон крајот на минатата година, се појавија гласини за претстојниот телефон, наречен Redmi Note 9T, а 2021. година ја почнуваме со потврда на неговата објава. Одделението на компанијата во Шпанија објави тизер на Twitter за објавa на телефонот за 8. јануари.

Овој твит подоцна беше избришан, но подоцна другите профили на Xiaomi го потврдија соопштението, со различна временска рамка за презентација на уредот.

Главните карактеристики на телефонот Xiaomi Redmi Note 9T ќе бидат поддршка за 5G конекција, MediaTek Dimensity 800U чипсет и 4 GB RAM меморија. Ќе се испорачува со Android 10 од самиот старт.

Тизерот сугерира дека телефонот ќе има кружен модул, во кој се сместени три камери, а останува да видиме со какви сензори за фотографирање и снимање видео ќе биде опремен Redmi Note 9T.