Qualcomm го претстави својот најнов чипсет – Snapdragon 768G, кој ќе биде насочен кон гејминг популацијата, која на своите мобилни уреди бара сирови перформанси.

Snapdragon 768G има 2.8GHz Kryo 475 процесор, кој е за околу 15 проценти побрз од 2.4GHz CPU во 765G чипсетот. Од друга страна, Adreno 620 GPU ветува слични подобрувања во перформансите, а истовремено има поддршка за 120Hz освежување @1080p. Ова и првиот чипсет од Snapdragon 700 серијата кој поддржува надградливи GPU драјвери.

Кога се во прашање брзините на конекцијата и мрежата, 768G е дел од вториот бран на Qualcomm чипови со 5G поддршка за mmWave и sub-6GHz фреквенции. Се очекуваат брзини до 3.7Gbps downstream и до 1.6Gbps upstream.

Новите телефони со Qualcomm Snapdragon 768G чипсет се очекуваат наскоро, а Redmi неодамна објави дека K30 5G Racing Edition ќе биде првиот телефон со овој чип.