Рос Јанг, основач на Извршен директор на аналитичката компанија Display Supply Chain Consultants, објави нови детали за претстојната Galaxy Note20 серија.

Според неговите сознанија, нема да постои Note20 Ultra верзијата. Samsung Galaxy Note20+ ќе биде најмоќниот модел во серијата. Телефонот ќе има нешто поголем дисплеј од својот претходник (6.87 инчи) со 1440p+ резолуција. Освежувањето од 120Hz ќе биде најголем додаток на дисплеите оваа година, додека заштедата на батеријата ќе биде овозможена преку варијабилната стапка на освежување.

Galaxy Note20 ќе има 6.42-инчен екран со 1080p+ резолуција. Овој модел исто така ќе добие стапка на освежување на екранот од 120Hz. OLED панелите ќе бидат креирани со помош на LTPO технологијата, која нуди 5 до 15 проценти поголема заштеда на потрошувачката во одност на LTPS панелите.

Дојавувачот Ice Universe во твит се сложи со информациите кои ги објави Рос Јанг, што им дава дополнителен кредибилитет на овие информации за Galaxy Note20 линијата.