Google Chrome за Android наскоро ќе им овозможи на корисниците да креираат распоред на содржини/ажурирања, со што веб-прегледникот ефективно ќе се трансформира во  download manager на фајлови.

Новата функција ќе бара информации од корисниците за тоа дали сакаат фајловите да се преземаат по поврзувањето на Wi-Fi или на одреден датум, односно во одредено време. Ова ќе биде од значење за оние кои имаат рестриктивни пакети кај провајдерите, или за оние кои имаат неограничен проток во рамките на одреден период во текот на денот.

Иако функцијата на креирање на распоред за преземање на содржини моментно не е достаона во стабилен Google Chrome build за Android, можно е да се активира во „Enable download later“ полето во рамките на Canary build за Google Chrome 86.

Google Chrome и натаму е најпопуларен веб браузер за Android, а Statcounter истакнува дека сервисот има пазарно учество од над 60 проценти. Новата ‘download later’ функција сигурно ќе помогне да се одржи популарноста на Chrome.