USB 4 стандардот само што не пристигнал и подготвен е да го прегази USB. 3.2 и да биде двојно побрз. Сега VESA (Video Electronics Standards Association) најави дека во целост ќе ја поддржи огромната пропусност достапна и за DisplayPort 2.0 стандардот. Тоа значи дека USB 4 ќе работи со уредите како 8K 60 Hz HDR или дури и 16K 60 Hz монитори.

Бидејќи USB 4 работи на 40 Gbps, а DisplayPort 2.0 поддржува брзини од 80 Gbps, како тоа ќе функционира? USB 4 всушност може истовремено да испраќа и прима податоци со брзина од 40 Gbps, така што VESA тоа искористи со новата спецификација под името DisplayPort Alt Mode 2.0. Бидејќи DisplayPort првенствено се користи за видео кое податоците ги испраќа само во еден правец од компјутер на монитор, Alt Mode 2.0 стандардот врзши повторно подесување на USB-C податоците за да работат во еден правец – овозможувајќи двојно поголеми брзини.

Според пишувањето на Anandtech, Alt Mode 2.0 ќе ги поддржува реуларните USB 4 кабли. Истовремено, мониторите нема да мораат да имаат USB 4 контролери, што би требало да го поедностави дизајнот на екранот. Бидејќи исто така го поддржува Thunderbolt 3 стандардот, USB 4 ќе стане универзален стандард за поврзување и за паметни телефони и за компјутери, поддржувајќи работо како „приклучување, гејминг, AR/VR HMD и професионални HDR дисплеи“, соопшти VESA.