Недостатокот на OLED панели би можел да го ограничи производството на новата генерација на iPhone

Според пишувањето на порталот Digitimes, кој се повикува на извори од самата индустрија, при претставувањето на новиот iPhone 8, за испорака ќе бидат достапни само околу 3 до 4 милиони примероци на новиот модел на Apple на пазарот на паметни телефони.

Причините за релативно малиот број достапни iPhone уреди од новата генерација на почетокот на продажбата се кријат во помалиот застој на испорака на OLED екрани што го врши компанијата Samsung. Тоа воедно ја прави тешко остварлива целта која Apple ја има поставена за 2017 година, до крајот на годината да испорача вкупно 50 до 60 милиони iPhone модели со OLED дисплеи.

Останатите производители почнаа да ги доставуваат потребните делови во текот на вториот квартал оваа година, додека компаниите што се задолжени за составување на новиот iPhone (Foxconn Electronics, Pegatron и Wistron) веќе по почнаа процесот на вработување на нови работници заради почитување на договорените рокови за испорака.