Некои сервиси како што се Viber, Slack и Telegram веќе некое време во случајот на размена на пораките имаат можност за уредување на веќе испратените пораки. Истата можност наскоро ќе ја добие и апликацијата на Apple, Messages.

Според пишувањето на интернет страницата Apple Insider, компанијата го заштити патентот под број 20200133478 и под името Devices, Methods, and Graphical User Interfaces for Messaging на 980 страници и со 200.000 зборови.

Се опишува можната примена на оваа опција: на пример корисникот ја испраќа пораката, но забележува дека некој збор погрешно го напишал, па со новата опција може да ја измени пораката.

Ќе се одржува и запис за уредените пораки, но засега се уште не познато кому ќе му биде видлива оригиналната верзија на пораката. Освен можноста за уредување на пораките, Apple работи и на систем со кој ќе можат да се истакнат многу важните пораки, како и оние кои се важни што се однесува до времето кога мораат да бидат прочитани.

На крајот, патентот ја опишува и можноста за проширување на Messages апликациите со нови опции, како што е употребата на Apple Pay функцијата без напуштање на апликацијата.