Треба да се напомене дека тука не се работи за 100 процентен темен режим во вистинска смисла.

Темните теми се се попопуларна опција за која се одлучуваат производителите во последните години, иако во некои ситуации iOS и Android не ги материјализираат и темните режими често остануваат во бета развој. Меѓутоа, се чини дека iOS 11 би можел да го донесе Dark Mode.

YouTube корсиникот iTwe4kz објави видео кое сугерира дека iOS 11 би можел да имплементира dark mode, кој не беше споменат при неодамнешната презентација на платформата. Секако, треба да се напомене дека тука не се работи за 100 процентен dark mode во вистинска смисла.

Apple во iOS ја уфрли и “inverted colors” опцијата, која ги менува боите на оперативниот систем. Меѓутоа, iTwe4kz истакнува дека iOS 11 ќе ја донесе функцијата “Smart Invert”. Оваа функција овозможува iOS да го добие темниот режим, но не ги менува сите бои, така што во поголем дел од случаите се изгледа релативно нормално.

Засега делува дека ова ќе биде најблиска опција до темната тема, која корисниците ќе ја добијат на iOS, а дали навистина ќе биде имплементирана, ќе дознаеме наесен.

ИЗВОР: Ubergizmo