Lenovo Legion гејминг телефонот веќе некое време се појавува во протечените вести, а сега се појавија нови рендери на уредот кои укажуваат на pop-up камера од страна на рамката.

Новите фотографии покажуваат и поддршка за исклучително брзо полнесе од 90W, а се сугерира дека телефонот ќе има 5000mAh батерија, која се полни до 100 проценти за 30 минути. Делува дека уредот во долниот дел има слот за SIM картичка, примарен слот за USB-C полнење и пренос на податоци.

Lenovo Legion Gaming Phone би требало да има и линеарен вибрациски мотор со две X оски. Протечените тизери споменуваат и “3D cooling tower” структура, со две сексии за разладни цевки за долгорочно ладење. Споменати се и симетричните, 65mm, двократни звучници за стерео звук.

Потврдено е дека Lenovo Legion ќе има Qualcomm Snapdragon 865 чипсет, LPDDR5 RAM и UFS 3.0 складирање. Дисплејот на екранот ќе има освежување од 144Hz и FHD+ (2340 × 1080p) резолуција. Кога се во прашање камерите, на задната страна се 64MP + 16MP сензори, додека од предната страна се наоѓа 20MP селфи камера.