Кина првпат успешно ја лансира својата најнова ракета носач „Долг марш 5Б“ од сателитскиот лансирен центар „Венчанг“, во јужниот дел од земјата.

„На 5 мај во 18 часот по локално време од космодромот ‘Венчанг’ во Кина е лансирана ракетата носач ‘Долг марш 5Б’ со пробна верзија на вселенско летало и прототип на капсула за враќање на товарот“, се наведува во извештајот на Кинеската канцеларија за вселенско инженерство,

Понатаму, се наведува дека речиси 488 секунди подоцна прототипот на вселенското летало заедно со пробната верзија на повратната капсула успешно се одвоил и ракетата стигнала до предвидената орбита, а мисијата успешно е завршена.