Ова се апликациите кои ја трошат вашата батерија побрзо од вообиаченото.

Батеријата на вашиот паметен телефон се празни побрзо од вообичаеното. Можеби проблемот е во една од овие апликации.

Snapchat

Snapchat ја оптоварува вашата батерија, но постојат решенија како да се ублажи овој проблем. Во поставките вклучите ја опцијата Travel и исклучете го следењето на локацијата.

Tinder

Tinder исто така ја следи вашата локација и ги освежува податоците. Исклучете го освежувањето на податоците во позадина, исклучете ги известувањата или користете го Tinder преку веб-прелистувач.

Апликации со вести

Апликациите со вести се во постојан контакт со веб-серверите и ја оптоваруваат батеријата. Страниците со вести следете ги во интернет прелистувачите или следете ги нивните објави на Facebook и Twitter.

Microsoft Outlook

Оваа апликација постојано проверува нова пошта, па почесто рачно проверувајте дали ви пристигнал нов мејл или користете друга апликација.

Facebook и Messenger

Апликациите на Facebook ја “јадат” батеријата, па би било паметно да се заменат со едноставни верзии како Facebook Lite или Messenger Lite, а како и во случајот со апликациите со вести, проверувајте ги во веб-прелистувач.