Realme пред неколку недели во Европа ја објави својата Realme 6 серија телефони, но од оваа објава е изоставен Pro моделот. Ова конечно ќе се промени, а кинеската компанија го објави датумот за претставување на Realme 6 Pro моделот.

Realme 6 Pro ќе биде официјално претставен на 5. мај, а Realme ветува и пренос во живо за оваа онлајн презентација.

Realme 6 Pro претставува надградба на моделот од Realme 6 семејството, а не конкретен наследник на Realme 5 Pro моделот. Телефонот пристигнува со 90Hz екран, 30W брзо полнење, две селфи камери и четири камери на задната страна (од кои главната има 64MP сензор).

Со оглед на тоа дека Realme 6i има цена од 180 евра, а Realme 6 чини 230 евра, се очекува дека Realme 6 Pro ќе се продава по цена од најмалку 279 евра.