Дали ви недостасува Windows 7?

Многу фанови на Мајкрософт сè уште не можат да го прежалат Windows 7, односно сметаат дека е најдобриот оперативен систем што оваа компанија го има произведено.

Еден фан направи т.н „концептуален“ Windows 7 2024 за да си олесни малку, а на платформата YouTube објави како изгледа сето тоа.

Иако не можете да го преземете и користите, сепак е интересно да се види како изгледа сето тоа. Станува збор за комбинација од вистински карактеристики на Windows 7 и модерни решенија, слични на оние што можеме да ги видиме во верзиите на Windows 10 и Windows 11.

Ваквите потфати не се непознати за овој канал на YouTube, бидејќи оние кои стојат зад него претходно создадоа „редизајниран“ Windows XP, стилизиран Windows 12, па дури и „Windows 23“, како што тие го замислуваат.