Twitter соопшти дека повеќе не е можно да се користи онака како што првобитно било замислено – преку SMS пораки. Оваа опција е укината минатата недела. 

Како што е и најавено, минатата недела е укинат SMS сервисот на Twitter. Функцијата е оневозможена за сите корисници во поголем дел од земјите, освен во неколку каде што и натаму постои значителна употреба на оваа опција. Воглавно, ова никако нема да влијае на поголем дел од корисниците на социјалната мрежа, бидејќи SMS сервисот речиси и да не се употребува. Проблемот е со компаниите кои ги известуваат своите корисници за новостите и кои се потпираат на оваа услуга на Twitter.

Оваа променза означува крај на една ера на Twitter. Кога мрежата беше изградена, тоа беше направено во склад со SMS ограничувањата. Твитовите имаа оригинале лимит од 140 карактери, кој беше прилагоден на стандардите на SMS пораките. Секако, ова веќе долго не е начин на употреба на Twitter, бидејќи луѓето во меѓувреме купуваа паметни телефони и почнаа да користат апликации.

Причината за целосното исфрлање на оваа услуга е што таа претставуваше ранливост на мрежата, бидејќи преку неа беа хакирани податоците на Извршниот директор Џек Дорси. Twitter и понатаму ќе испраќа важни SMS пораки за осигурување на профилите, како кодови за автентикација.