Компанијата LG се здружи со шведскиот производител Assa Abloy Entrance Systems за заеднички да развијат автоматска лизгачка врата со вградени проѕирни OLED екрани.

Иновативната врата ќе им биде наменета на деловните корисници, а ќе може да служи за пораки на добредојде, комуникација со вработените, прикажување на реклами и слично.

LG веќе некое време работи со проѕирни екрани, а почетокот на минатата година претстави низа проѕирни светлечки екрани. Во август, LG соопшти дека неговите екрани се користат за прозорците на вагоните на подземната железница во Пекинг и Женжен во Кина, а панелите на оваа компанија за своите TV уреди ги користат компаниите Panasonic и Xiaomi.

Samsung, исто така, експериментираше со проѕирни OLED екрани, но производството беше прекинато уште во 2016. година.

Кога ќе почне продажбата на проѕирните врати од висока технологија, засега не е познато, но со оглед на технолошкиот напредок и достапноста на OLED екраните, веројатно нема да мораме да чекаме долго.