Сајбер напаѓачите познати како Share Ransomware ги затворија сите малициозни операции објавија над 750.000 клучеви за енкрипција и им се извинија на своите жртви за нанесената штета.

Оваа група функционира уште од 2014 година, па за разлика од другите кои ги избегнуваа Русија и Украина, на Share Ransomware целеше жртви главно од овие две земји.

Операцијата почна да стагнира кон крајот на минатата година, па во тоа време престана диструцијата на нови ренсомвајери.

Напаѓачите потоа ги отворија клучевите за енкрипција. Во соопштението може да се прочита дека станува збор за хакери кои се одговорни за нив

Освен клучевите, на жртвите им биле понудени и упатства за враќање на податоците, но според експертите кај голем дел од уредите воопшто нема да функционираат.

Овие групи заробуваат податоци или замрзнуваат уреди сѐ додека жртвата не ја плати отштетата што ја бараат.

Извор: B92.net