YouTube потврди дека почнал со бришење на целокупната платформа од нивната платформа која не е во склад со препораките на Светската здравствена организација, а се однесува на коронавирусот и глобалната пандемија. Најавија дека ќе ги бришат сите содржини кои не се „медицински втемелени“ и засновани на препораките на официјалните институции.

Извршната директорка Сузан Војчицки изјави дека во овој медиумски гигант целта е да се отстранат дезинформации кои се шират на платформата, за јавноста да не се доведува во заблуда. На овој чекор се одлучиле бидејќи зема замав теоријата на заговор дека 5G мрежата влијае на развојот на коронавирусот, па се поголем број корисници ги доведува во збунувачка положба. За ваквите работи да не се случуваат, едноставно ќе бидат избришани. Исто така, ќе бидат избришани и сите оние снимки кои говорат за лек против Ковид-19, за наводното делување на витаминот C, куркумата и сличните супстанци.

Забележано е дека во последните недели на YouTube е зголемена заинтересираноста за наводни авторитативни снимки за Ковид-19, и тоа од дури 75 проценти. Во меѓувреме и Facebook објави дека се соочува со многу лажни вести за вирусот, како и WhatsApp, кој не дозволува делење на информациите кои се поделени повеќе од четири пати истовремено.