Во 2020 година, Samsung одлучи да претстави уред инспириран од обожавателите. Станува збор за Samsung Galaxy S20 FE, кој беше претставен како четврти член од серијата Galaxy S20. Овој телефон постигна голем успех, а оваа година доби наследник во форма на моделот Galaxy S21 FE. Сепак, дали Samsung се откажува од проектот за телефони FE?

На претставувањето на телефонот Galaxy S20 FE во 2020 година, Samsung изјави дека секоја година ќе ја презентира варијантата FE како дел од својата предводничка серија Galaxy S. Sammobile сега пренесува ексклузивни информации дека Samsung би можел да се откаже или барем да го прекине на некое време проектот FE, но се чини дека ќе се случи ова првото.

Имено, споменатиот портал пренесува дека врз основа на информации од повеќе извори дознава дека Samsung Galaxy S22 FE нема да пристигне. Што е уште полошо, многу е веројатно дека нема да има повеќе модели на Galaxy FE во иднина. Навистина, постои можност да биде претставена друга верзија на телефонот Galaxy S21 FE со послаби карактеристики, но овде зборуваме за правиот, вистински наследник на телефонот Galaxy S21 FE, кој, како што стојат работите, нема да биде.

Знаеме дека Samsung требаше да го претстави Samsung Galaxy S21 FE минатата година, но тоа не се случи, тој беше претставен на почетокот на оваа година, речиси една година по претставувањето на серијата Galaxy S21. Набргу потоа беше претставена серијата Galaxy S22 и се чини дека Galaxy S21 FE не се снајде најдобро на пазарот, но самата ситуација беше искомплицирана од Samsung.

Се известува дека Samsung можеби сфатил дека едноставно веќе нема место за телефоните Samsung Galaxy FE, бидејќи покрај три телефони од серијата Galaxy S, има и два телефони на преклопување од високата класа.

Уште еден доказ дека Samsung навистина не работи на телефонот Galaxy S22 FE е тоа што минатата година имавме рендери и некои информации за телефонот Galaxy S21 FE во шестиот месец, а оваа година немаме апсолутно никакви информации за неговиот наследник.

Се разбира, ова не е официјална информација, но Sammobile се повикува на неколку извори.