Се чини дека Марк Цукерберг најде начин да застане на патот на лажните вести на социјалната мрежа Facebook.

Facebook наскоро би требало да добие специјален news таб за нови вести. Незгодниот однос на компанијата со вестите полека се претвора во партнерств, а новиот таб би требало да ја зацврсти оваа врска.

Се разбира, Facebook ќе им плаќа на големите издавачи да ги објавуваат своите новости.

Марк Цукерберг го објави соопштението за време на Конгресното сослушување оваа недела.

„Ќе имаме голема најава кон крајот на неделата. Планираме да лансираме голема иницијатива околу вестите и новинарството. Направивме партнерства со многу луѓе за да создадеме нов производ што поддржува врвно новинарство, рече тој.

Како што пишува „Вашингтон пост“, мал тим на луѓе ќе биде задолжен за изборот на најважните приказни, додека сето останато дќе го бира алгоритам, кој интересите на корисниците ќе ги поврзе со различни теми.

Првиот бран на медиуми кој ќе придонесува за news tab ги вклучува Вашингтон пост, весникот Вол Стрит Журнал и BuzzFeed.

Претходните информации откриваат дека Facebook првично им понудил на големите издавачи три милиони долари да се приклучат на проектот, но засега е нејасно како новиот таб ќе влијае на помалите медиуми и дали само големите компании ќе добијат финансиски надоместок.