Qualcomm веќе извесно време развива технологии на брзо полнење, кои доаѓаат со чиповите на компанијата. Најновото решение на Qualcomm е нешто поинакво – наместо да се фокусира на брзините кои се повисоки од претходните, Quick Charge 3+ претставува нешто полимитирана верзија наменета за телефоните од горниот среден сегмент.

Quick Charge 3+ е наменет за уредите со Snapdragon 765 чипсет, чија батерија ќе ја полни до 50 проценти за 15 минути.

Во соопштение, Qualcomm истакна дека целта е со QC3+ да се овозможи решение за брзо полнење на поевтините телефони. Во споредба со претходните генерации, ќе биде побрз за 35 проценти и ќе се загрева за до девет степени помалку.

Quick Charge 3+ ќе има поддршка и за безжично и за полнење преку кабел (вклучувајќи го и симултаното полнење).