Компанијата MSI овој месец претстави нов закривен гејминг монитор со ознака Optix MAG301CR. Мониторот има WFHD дисплеј со големина од 30 инчи, со 2560 x 1080p резолуција.

Optix MAG301CR екранот нуди стапка на освежување од 200Hz, има одзив од 1ms и дизајниран е за побрзите жанрови на игри, како што се FPS, RTS и MOBA.

Мониторот пристигнува со пратечката Gaming OSD апликација, која овозможува контролирање на екранот директно преку софтвер, наместо тоа да се врши преку физичките копчиња на мониторот. Покрај тоа, Gaming OSD App овозможува користење на  in-game наменетите копчиња за подесување на дисплејот.

Кога се во прашање опциите за конекција, Optix MAG301CR има USB 3.2 Gen.1 Type A (× 2), USB 3.2 Gen.1 Type B, DisplayPort 1.2a, HDMI 2.0b (× 2) и USB Type C конектори. MSI не ја објави достапноста цената и достапноста на мониторот.