RealMe телефонот, со број на модел RMX2142 и кој би требало да биде објавен како Realme X3, минатата недела го доби својот TENAA сертификат. Сега кинеската сертифицирана агенција го ажурираше листингот со фотографии и целосната спецификација на смартфонот.

Realme X3 ќе има 6.57-инчен TFT дисплеј со FullHD+ резолуција и отвор во екранот за селфи камерите од 16MP и 2MP. На задната страна се наоѓа систем со четири камери во горниот лев агол, а го сочинуваат 48MP, 8MP и два 2MP сензора.

Телефонот го покренува 2.4 GHz осмојадрен процесор, кој би можел да биде Snapdragon 765G. Ќе бидат достапни 6GB, 8GB или 12GB RAM, како и три опции за просторот за складирање: 64GB, 128GB и 256GB.

Уредот од старт користи Android 10, со Realme UI интерфејс. Сензорот за отпечатоци од прсти е сместен од бочната страна, а присутна е и поддршка за 5G во два режима. Телефонот пристигнува во две бои – бела и сиво-сина. Сето ова го напојува батерија со капацитет 4100mAh, со поддршка за 30W брзо полнење.

Realme го подготвува и X3 SuperZoom, кој исто така доби неколку сертификати, а ќе има Snapdragon 855+ чипсет, 12GB RAM и Android 10.