Компанијата L’Oréal претстави два уреди за шминкање на CES.

HAPTA е моторизиран апликатор за кармин наменет за лица со ограничена подвижност на дланките и рацете. Брендот Lancôme на L’Oréal ќе лансира систем за апликатори оваа година, со поддршка за повеќе апликации за шминка во припрема.

Апликаторот се заснова на технологијата на компанијата Verily, која е во сопственост на Alphabet, а неговата функција е да го усогласи приборот и да го одржува стабилен за да им помогне на луѓето со ограничена подвижност на дланките и рацете да јадат самостојно. Системот има „паметни“ контроли за движење и прилагодливи додатоци кои овозможуваат прецизно нанесување со помош на ротација од 360 степени и свиткување до 180 степени.

Додатоците се прицврстуваат магнетно, а корисниците лесно можат да ги стават на своето место. HAPTA обезбедува „зголемена леснотија на користење за амбалажи што тешко се отвораат“.

Уредот има батерија која трае еден час со едно полнење, што според L’Oréal е доволно за десет или повеќе апликации за шминка. Батеријата целосно се полни за три часа.

L’Oréal произведе уште еден апликатор за шминка и го нарече L’Oréal Brow Magic, а неговата функција е да ги уреди веѓите врз основа на цртите на лицето и природните веѓи на една личност. Овој уред е развиен во соработка со компанијата Prinker, која се занимава со печатење на привремени тетоважи.

L’Oréal Brow Magic има 2.400 мали млазници и „резолуција“ за печатење до 1.200 капки по инч. Ова значи дека може прецизно да ги обликува вашите веѓи за неколку секунди, а стандардниот отстранувач лесно ќе ја отстрани шминката кога е потребно.

Овој систем се базира на технологијата Modiface AR на L’Oréal, а корисниците треба да го скенираат своето лице користејќи ја апликацијата и потоа да ја изберат саканата форма, дебелина и ефект. Апликацијата ќе нуди препораки за микроблејдинг, микро-засенчување и филери. Откако корисникот ќе го нанесе прајмерот, потребно е со едно движење да го помине уредот преку веѓите, а потоа да го додадете завршниот слој. Овој уред би требало да биде достапен на крајот на оваа година.