Instagram во декември минатата година најави дека својата веб апликација ќе ја понуди во Microsoft Store. Преминот од FacebookOSMeta платформата на веб апликација донесе бројни предности, вклучувајќи ја и можноста за поедноставно ажурирање. Потоа, компанијата од јануари оваа година почна да ја тестира Direct Messages функцијата за десктоп.

Сега е објавено дека Instagram Direct Messages функцијата им е достапна на сите корисници на веб. Функцијата им овозможува на корисниците да примаат и испраќаат директни пораки преку веб-страницата на Instagram. Со оглед на тоа дека Windows 10 верзијата на апликацијата е практично иста како веб апликацијата, опцијата пристигнува и на Windows 10 оперативниот систем.

Компанијата проба да ги имитира функциите кои се достапни на мобилната платформа, со копче за емотикони на тастатурата и можноста во разговорите да се додаваат фотографии. Direct Messages иконата е сместена во врвот на навигацијата, покрај Home иконата.