Осмојадрените Ryzen 4000 „Renoir“ мобилни процесори би можеле да добијат достапна примена во најновиот Acer Swift 3 модел на лаптоп (Acer Swift 3 SF314-42).

По препорачана цена од 629 долари, Acer Swift 3 би можел да претставува мејнстрим имплементација на Ryzen 7 4700U процесорот. Лаптопот со овој процесор (без GPU) би можел да има работен век на батеријата до 11,5 часа, заедно со поддршката за брзо полнење.

Acer Swift 3 SF314-42 е 14-инчен лаптоп во стандардна форма, со дебелина од 1,57 cm кога е затворен и тежина од 1,20 килограми. Дисплејот нуди Full HD (1080p) резолуција. Детали за меморијата и просторот за складирање не се објавени, но се верува дека лаптопот има 8GB DDR4 меморија и DDR4 SODIMM слот за дополнително проширување.

Acer го подготвува и Aspire 5 A515-44 моделот, кој е 15,6-инчен Full HD лаптоп, со Ryzen 5 4500U (шест јадра) процесор, а ќе има цена од 519 долари.