Финските научници направија 3D анимација која го прикажува ширењето на коронавирусот во затворен простор, истакнувајќи на важноста на избегнувањето на блиските средби во такви простории, како на пример супермаркетите.

Четири фински истражувачки огранизации го проучувале пренесувањето и ширењето на коронавирусот низ воздухот, а прелиминирните резултати покажаа дека честичките на воздухот остануваат во воздухот многу подолго отколку што првобитно се мислело, укажувајќи дека е важно да се избегнуваат затворени простори со поголем број луѓе.

Истражувањето го спроведоа Универзитетот Алто, Финскиот метеоролошки институт, VTT техничкиот истражувачки центар на Финска и Универзитетот во Хелсинки.

Научниците направиле 3D анимација, на која заразено лице кашла помеѓу полиците на рафтовите како оние во продавниците, земајќи ја во обзир и вентилацијата.

Сите четири центри ја извеле анимацијата самостојно, а резултатот до кои дошле е идентичен.

Имено, честичките на вирусот се пренесуваат низ воздухот и се шират, а тој процес може да трае неколку минути.

„Некој заразен може да се накашла и да замине, но зад себе да остави многу мали честички кои го носат вирусот. Овие честички потоа можат да завршат во респираторниот систем на другите луѓе во близина“, објаснува професорот Виле Вуоринен од универзитетот Алто.

Овој проект вклучил околу 30 истражувачи, наведува Алто универзитетот.