Компанијата Sony претставени нови Bluetooth слушалки, под имињата WF-XB700 (бубачки) и WH-CH710N (стандардни слушалки).
WF-XB700 моделот слушалки имаат in-ear дизајн и дел се од Sony Extra Bass серијата аудио производи. Ги карактеризира и типичен „earbud“ дизајн. Слушалките се отпорно на пот и имаат IPX4 сертификат. Ги карактеризира и функцијата на активно стивнување на позадинската врева. Присутна е и поддршката за гестикулации наместо физички копчиња. WF-XB700 слушалките имаат работен век на батеријата од околу 18 часа.
Sony WF-XB700 слушалките ќе се продаваат по цена од 130 долари и се достапни во црна и сина боја.
WH-CH710N слушалките претставуваат надграден WH-CH700N модел од крајот на 2018. година. Новите слушалки ги карактеризира подобрен систем на намалување на позадинската врева и два микрофона. Моделот WH-CH710N има работен век на батеријата од 35 часа, додека дизајнот е ажуриран за да биде во склад со другите понови Sony слушалки.
Sony WH-CH710N слушалките пристигнуваат по цена од 200 долари, во црна, сина и бела боја.
Поврзани артикли