Калифорниската компанија Bedrock излезе со иновативно решение за истражување и мапирање на морското дно и тоа преку автономни подморници.

Во јануари американскиот претседател Џо Бајден потпиша наредба со која им се наложува на федералните агенции „да набавуваат електрична енергија без загадување со јаглерод“. Сега пронаоѓачите се обидуваат да најдат безбедни и ефикасни локации за поставување крајбрежни ветрофарми, односно ветерници.

Bedrock планира да спроведе истражување и мапирање на морското дно користејќи електрични автономни подводни возила (e-AUV) за да утврди каде е најдобро да се постават крајбрежните фарми со ветерници.

Ако оваа технологија звучи познато, тоа е веројатно затоа што нешто слично веќе е видено. Компанијата Terradepth од Остин наскоро би можела да ја испрати својата автономна подморница „Abraham“ во истражувачка мисија за да стекне нови сознанија за светските океани. Првичните тестови покажаа дека подморница може да собира подводни податоци, да ги обработува и потоа да следи други задачи без човечка интервенција.

Коосновачот и извршен директор на Bedrock, Ентони ДиМар, рече дека неговата технологија е слична. Подморниците на Bedrock се фантастична алтернатива на големите бродови и тешката опрема за сонар кои чинат стотици илјади долари, а за резултатите се потребни години.

Наместо тоа ќе започнат мисија електричните минијатурни подморници што користат светлосен сонар и други сензори и кои потоа ќе ги испратат собраните податоци до сервис базирана на cloud, до кој ќе може да се пристапи веднаш преку компјутер.

Електричните подморници се еколошки затоа што се напојуваат со литиум-јонски батерии. Но, тоа не ги ограничува на било каков начин, бидејќи можат да спроведат истражување на длабочина од 300 метри.

Bedrock не само што ќе бара соодветни локации за ветерници, туку ќе му понуди на светот бесплатна и јавно достапна карта на светските океани, 50 пати подетална од моментално најдобрата јавно достапна карта.

Извор: Klix.ba