WhatsApp важи за една од најпопуларните апликации за размена на пораки, но секако не е совршена. Еден е од најголемите недостатоци на WhatsApp е што апликацијата не е можно да се користи на повеќе уреди. Барем засега.

Сајтот WABetaInfo откри дека програмерите на WhatsApp наскоро ќе ја претстават оваа можност. Функцијата најпрвин била откриена во ноември, 2019. година, а во најновата WhatsApp бета можат да се пронајдат референци за тоа дека пристигнува поддршката за повеќе мобилни уреди.

Доколку ова се обистини, корисниците наскоро би можеле да бидат во прилика да го употребуваат својот WhatsApp профил на повеќе уреди, како што се мобилниот телефон и таблет. Новата функција ќе им овозможи на корисниците да ги верификуваат своите профили на изворната WhatsApp апликација на повеќе уреди.

Со оглед на тоа дека функцијата се уште е во развој, не е познато како ова би функционирало.