Windows 10 оперативниот систем на Microsoft во текот на април изгуби дел од пазарното учество, а најмногу од ова профитираше macOS платформата на Apple.

Windows 10 веќе некое време е водечки десктоп оперативен систем, а иако се очекува пазарното учество на платформата да продолжи да расте, тоа не се случи во текот на април. NetMarketShare статистиката укажува на пад од 57,34% на 56,08 проценти, кој оперативниот систем на Microsoft го забележа во текот на април, додека Apple macOS во истиот период оствари раст на учеството од 3,41% на 4,15 проценти.

Од друга страна, Windows 7 падна на 25,59% пазарен удел, што има смисол со оглед на тоа дека оперативниот систем повеќе не добива сигурносни закрпи. Како резултат на тоа, на корисниците им се препорачува надградба на верзиите на Windows кои секогаш добиваат ажурирања (како што се Windows 8.1 или Windows 10).

Интересно дека и шест години по престанокот на поддршката, Windows XP и натаму има пазарен удел, кој изнесува 1,32 проценти.