Научниците направија голем чекор напред во обидите да го дешифрираат она што го кажува човекот само со следење на мозочните бранови додека зборува.

Успеаја да ги оспособат алгоритмите за префрлање на обрасците од мозокот во реално време и тоа со стапка на грешка помала од 3 проценти. Досега, т.н. мозочни машини покажуваа ограничен успех во дешифрирањето на невронската активност. Меѓутоа, истражувањето чии резултати беа објавени во списанието Nature Neuroscience покажува поинаква слика, пренесува BBC.

Претходно научниците успеваа само да дешифрираат фрагменти од изговорени зборови или мал процент на зборови содржани во одредени фрази. Затоа експертот за машинско учење Џозеф Макин ид Уиверзитетот на Калифорнија и неговите колеги се обидоа да ја подобрат точноста во дешифрирањето.

Четворица доброволци читаа на глас реченици, додека со електроди се следеше нивната мозочна активност. Потоа нивната мозочна активност беше внесена во компјутерски систем кој креира приказ на карактеристиките кои редовно се појавуваат во овие податоци. Овие обрасци се поврзуваат со повторуваните делови од говорот, како самогласки, согласки или конкретна поставеност на устата. Вториот дел од системот го дешифрира овој приказ збор по збор и на тој начин составува реченици.

Меѓутоа, авторите на истражувањето отворено признаваат дека истражувањето има недостатоци. На пример, говорот што го дешифрирале бил ограничен на 30-50 реченици. Тие додаваат дека машинската врска идентификува и поединечни зборови, а не само реченици.

Извор: Klix.ba