Galaxy S20 Ultra телефонот на Samsung е објавен во сива и црна варијанта, а дојавувачот Ice Universe тврди дека наскоро пристигнува и нова боја. Тоа нема да боде Aura Glow, како што некои сугерираат, иако изворот на оваа информација останува мистериозен во однос на конкретните детали.

Galaxy S10 5G своевремено беше објавен во лимитирана селекција на бои (црна и сребрена), по што ја доби и Royal Gold нијансата. Galaxy S20+ Olympic Edition исто така има златна боја, така што ова е една од главните опции кои се очекуваат и за Galaxy S20 Ultra.

Покрај златната, постојат уште некои можни опција, бидејќи Galaxy S20+ пристигнува во Cloud Blue, Cloud White и Aura Red варијанти, додека S20 има и Cloud Pink опција.