Автономијата од 15 часа е зголемена за најмалку три часа во однос на претходниот модел од 2016. година. За пет минути полнење, новиот модел ќе извлече еден час дополнителна репродукција на музика. Исто така, слушалките ќе го поддржуваат новиот H1 безжичен чип, кој би требало да овозможи користење на асистентот Siri.

Овие слушалки би требало да бидат достапни во црна, бела и црвена боја. Претходниот модел чинеше 200 долари, така што само можеме да предвидуваме колкава ќе биде цената на новиот модел.

Новите Powerbeats слушалки, прв пат се појавија во медиумите во јануари, а сега можеме да бидеме сигурни дека наскоро ќе пристигнат на пазарот. На уво се закачуваат за ушната школка, оневозможувајќи испаѓање во текот на спортските активности. Иако меѓу себе се поврзани со кабел, со телефонот комуницираат преку Bluetooth конекција.