Wi-Fi технологијата на безжичен интернет може да послужи и за откривање на оружје и експлозиви на јавни места, велат научниците од Универзитетот Рутгерс во Њу Џерси.

Ова ќе биде можно благодарение на безжичните сигнали кои можат да навлезат во торбите и со тоа да ја одредат големината на металните предмети внатре или да го пресметаат обемот на течностите, велат научниците, по нивната најнова студија. Технологијата веќе е тестирана, со резултати на точност од 95%. Ова значи дека таа може да биде безбедна алтернатива на безбедносните системи на аеродромите.

Во рамките на експериментот, тимот го применил своето решение за 15 видови на предмети и 6 вида на торби. Системот Wi-Fi има постигнато 99% успех во откривањето на опасните предмети, 98% за метал и 95% за течности. Меѓутоа, кога предметите биле во торби и завиткани во нешто, точноста на нивната детекција паднала на околу 90%.