Instagram најави мала промена во својата популарна функција Stories. Сега кога некој ќе ве спомене во својата приказна, ќе имате опција веднаш да ја споделите, додавајќи ја фотографијата или снимката на вашиот Story.

Функцијата е наречена @mention Sharing и се иницира кога ќе означите некого во вашaта приказна. Веднаш ќе бидете известени дека означените корисници може да го репостираат сторито во следните 24 часа. Означениот корисник ќе добие известување преку порака дека е тагнат и линк на кој ќе може да го сподели истиот Story.

Со едноставно кликнување ќе се појави прегледна верзија од приказната каде што ќе можат да се прават промени, да се пишува, да се ставаат стикери и друго. Кога ќе биде објавена, следбениците ќе можат да го видат корисничкото име на оној што го постирал оригиналното стори и со еден клик ќе можат да се префрлат на профилот на тој корисник.

Оваа новина важи само за оние корисници чии профили се јавни и сега е дел од верзијата 48 на Instagram за Android и iOS.

Извор: The Verge