Компанијата Oppo заедно со паметниот телефон Find X2, го претстави и својот прв паметен часовник. Тоа е Oppo Watch со минимални рамки околу AMOLED екранот со густина на пиксели од 326 пиксели по инч и 100% покриеност на DCI-P3 спектарот на бои.

Часовникот е достапен во две големини, 1,6-инчен и 1,9-инчен и содржи алуминиумско куќиште со две копчиња за управување со уредот. Часовникот поддржува поголем број различни активности, го следи сонот на корисникот, отчукиување на срцето и нешто што ретко се гледа на пазарот, содржи и електрокардиограм (EKG).

Што се однесува до останатите функции, Oppo Watch се базира на Snapdragon Wear 2500 платфпрмата со Apollo 3 копроцесор, 8 GB интерна меморија за складирање податоци, додека интегрираната батерија има поддршка за Watch VOOC технологијата на брзо полнење, која достигнува 50 проценти наполнетост по 17 минути.

Автономијата на батеријата изнесува 40 часа нормално користење и максимално 21 ден, а може да се оптимизира со балансирање помеѓу Wear чипот и Apollo копроцесорот. Што се однесува до поврзливоста, на корисниците на располагање им е поддршка за GPS, NFC и Bluetooth 4.2.

Официјалната продажба на часовникот во Кина почнува на 24. март, 46-милиметарската верзија ќе чини околу 288 долари, додека 41-милиметарската ќе се продава по цена од околу 215 долари.