Galaxy Tab S6 го збогатува мобилното искуство со тоа што им овозможува на луѓето да ги изразат нивните идеи и да завршат повеќе работа

Samsung Electronics Co., Ltd. го најави Galaxy Tab S6 – нов таблет кој им овозможува на луѓето да создаваат и да се поврзуваат, да уживаат во забавни содржини и да ги остваруваат своите цели каде и да одат. Направен за оние кои имаат потреба да ја задоволат својата љубопитност и да ги изразат своите креативни таленти, Galaxy Tab S6 им овозможува на корисницете да прават многу повеќе отколку на било кој таблет претходно.

„Денешната инспирација доаѓа во моментот и без најава и затоа креативците и професионалците имаат потреба од уред кој може да држи чекор со нивната незаситна имагинација додека го надополнува нивниот зафатен, секогаш – во – трк начин на живот,“ рече DJ Koh, Претседател и CEO на одделот за IT и Мобилни комуникации во Samsung Electronics. „Galaxy Tab S6 им овозможува на корисниците да ја отклучат својата креативност, во меѓувреме нудејќи карактеристики за продуктивност и напредна технологија кои се на врвно ниво и кои секогаш се очекуваат од таблетите на Samsung.“

Редизајнираниот S Pen ги зајакнува креативноста и продуктивноста

Добро познатиот S Pen на Samsung започна како инструмент за пишување и цртање, но еволуираше во врвен партнер на креативноста и продуктивноста. Сега, со фунцијата за далечинско управување и можностите за безжично полнење, S Pen на Galaxy Tab S6 им дозволува уште поголема моќ и контрола на своите корисници. Со вградената BLE функционалност за далечинско управување вклучувајќи и функција за гестикулација наречена S Pen Air actions, S Pen ви дозволува интуитивно да правите селфиња и видеа или да ја контролирате мултимедијалната содржина која ја креирате дури тогаш кога таблетот не е во ваши раце. Плус, S Pen има и безжично полнење кое испорачува и до 10 часа траење на батеријата, со само десет минути полнење.

Правењето на белешки со S Pen на Galaxy Tab S6 е многу лесно. Рачно напишаните Samsung Notes може да се конвертираат во дигитален текст и да се експортираат во формати како Microsoft Word со само еден клик. Воедно, во исто време може да си забележувате или да скицирате додека гледате видео на истиот екран, со подесување на транспарентноста на прозорчето на Samsung Notes – перфектно за мултитаскинг без воопшто напор.

Нова и надградена верзија на Samsung DeX е спакувана во Galaxy Tab S6, овозможувајќи ви беспрекорна транзиција во искусување на PC-концепт, за полесен мултитаскинг и оптимизирано искуство на гледање. Со DeX функционалното копче додадено на новата посветена Book Cover тастатура на Galaxy Tab S6, можете да го стартувате и затворате DeX со притискање на само едно копче. Тастатурата е подесена за подобра функционалност, вклучувајќи и држач за S Pen, бесплатен држач под агол, touch pad и нови копчиња за одредени функционалности.

Напредна Технологија за Секојдневни Погодности

Samsung Tab S6 има надградба на својата камера, вклучувајќи ја и првата двојна камера со Ултра Широка камера на Samsung таблет, сето тоа во компактно 5.7мм тенко тело кое е во исто време полесно и преносно. Ултра Широката камера им овозможува на корисниците да фотографираат сценографија и пејзажи баш како што ги гледаат, со поле на прегледност од 123 степени, широко колку човечкото око. Во меѓувреме, Единицата за Нервно Процесирање ви овозможува правење на професионални фотографии преку развиените ефекти, со тоа тие изгледаат како да се направени од професионалец.

За прв пат во Galaxy Tab S6, Samsung го носи и Скенерот за Отпечатоци од прсти вграден во самиот екран, со тоа што пристапувањето на самиот таблет е многу полесно отколку било кога. Ова олеснување и погодност се заштитени од Samsung Knox, безбедносната платформа на Samsung која е на ниво на одбранбена технологија. Додатно, можете многу едноставно да го “разбудите“ Galaxy Tab S6 со тоа што два пати ќе го допрете екранот, овозможувајќи ви да се логирате и да го започнете својот ден многу брзо.

Како дел од Galaxy Ecosystem на Samsung, Galaxy Tab S6 се претвора во центар на вашето менаџирање на уредите преку SmartThings. Заедно со Bixby, можете лесно да ги контролирате вашите уреди со гласовни команди.

Бескомпромисна Забава

Без разлика дали уживате во нова игра или без престан ја гледате вашата омилена ТВ емисија, Galaxy Tab S6 испорачува неверојатно искуство во гледање. Неговиот 10.5“ Супер AMOLED екран, во склоп со четирите звучници и звук од AKG и Dolby Atmos®, ве држи целосно вклучени во акцијата.

Galaxy Tab S6 овозможува многу квалитетно играње преку комбинација на графика, звуци и интелигентен хардвер и софтвер, засилени од партнерството со водечки платформи за игри како Unity и Unreal Engine. Моќниот процесор и Game Booster со Вештачка Интелигенција (AI) го зголемуваат искуството на играње на Galaxy Tab S6 преку опримизација на FPS, заостанување на екранот, време за вчитување и повеќе. Благодарение на партнерството на Samsung со Discord, можете да пристапите кон новата фунцкија за комуникација и пишување во живо преку Game Launcher со цел да креирате стратегии со вашиот тим во текот на играњето.

Со Galaxy Tab S6, може да уживате во своите омилени содржини. Многу лесно можете да го прелистувате Netflix и неговите содржини во пребарувачката функција вклучена во уредот, да уживате во својата омилена музика на Spotify со тримесечен бесплатен Spotify Premium сервис и да ги гледате своите омилени YouTube видеа без реклами, офлајн и во движење со четири месеци бесплатниот YouTube Premium.

Galaxy Tab S6 го има во боите Планинско Сива, Облачно Сина и Ружа Руменило. Ќе биде достапен во продавниците и онлајн при крајот на август во селектирани пазари.

За повеќе информации во однос на Galaxy Tab S6, посетете ги news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com или www.samsung.com/galaxy.

Спецификации на Samsung Galaxy Tab S6: