Toyota ја претстави третата генерација на хуманоидниот робот T-HR3, кој синхронизирано ги следи човечките потези.

За да се придвижи роботот, човекот носи сет за виртуелна реалност произведен од HTC за да може да гледа низ перспективата на роботот, а тука се и ракавиците, кои му сигнализираат на роботот како треба да се движи.

Роботот T-HR3 е висок 154 центиметри и тежок 75 килограми, а е произведен за да се истражи колку роботите можат да му помогнат на човекот околу домаќинството, во медицинските установи, на градилиштата, па дури и во истражувањето на вселената.

Човекот може да го контролира целото тело на роботот со помош на MMS (Master Maneuvering System), кој е составен од 16 серво модули, сензори за движење и сила на стапалата, како и уште 29 серво модули низ целото тело на роботот.