Доколку имате Android телефони тоа значи дека сте изложени на ризик од “крадење податоци“, барања за откуп или пак други видови на малвер напади.

Над милијарда Android телефони и таблети во светот се загрозени од потенцијален напад на хакери, пренесуваат светските медиуми.

Истрагата открила дека два од пет Android телефони не ги примаат ажурирањата од Google за безбедност поради што истите се изложени на поголем ризик од “кражба на податоци“.

Google редовно со безбедносни системи го ажурира неговиот систем Android за да ги спречи хакерите да “влезат“ во системот на самиот мобилен телефон.

Постарите модели на паметните телефони сега престанаа да добиваат ажурирања со што потенцијално се и позагрозени од поновите модели на мобилни телефони.

Без адекватните безбедносни ажурирања, хакерите се во состојба да ги злоупотребат “безбедносните дупки во оперативниот систем“ и со тоа да ги злоупотребат податоците од корисникот, пренесуваат од „The Sun“.

Истражувачите од британската потрошувачка асоцијација „Which?“ избрале неколку телефони од групата на загрозени и ги испратиле на тестирање во лабораторија, па сфатиле дека тие можат многу лесно да бидат хакирани.

Меѓу нив се нашле и модели од произведувачите Google, LG, Motorola, Samsung и Sony кои исто така се многу достапни во онлајн продажбата.

Според тврдењето на ова британско здружение, секој Android паметен телефон од 2012-та година и постар е потенцијално загрозен.

Од здружението ги издвоиле моделите Samsung Galaxy S3 и Sony Xperia S, за кои се истакнува дека нивните корисници треба да бидат особено внимателни.

Исто така се предупредуваат и сите корисници на верзијата Андроид оперативен систем постар од верзијата 7.0 Nougat, кој е издаден во 2016. година – да се обидат да го ажурираат својот софтвер бидејќи постарите верзии повеќе нема да добиваат можност за ажурирање.

Извор: Telegraf.rs