Доколку припаѓате на онаа група луѓе кои постојано ги оштетуваат своите паметни телефони, тогаш со сигурност ќе ве воодушеви новиот изум на германскиот студент Филип Френзел.

Изумот на студентот сигурно ќе им заштеди пари на многумина, но и ќе ги поштеди од непотребниот стрес. Имено, Френзел креирал маска за мобилен телефон со сензори кои се активираат кога телефонот е во пад и на рабовите од уредот се ослободуваат метални “воздушни перничиња” кои го штитат мобилниот телефон од оштетување.

Студентот од универзитетот во Ален освоил награда за ваквиот изум кој многумина го оцениле како исклучително корисен. Филип очекува дека неговата маска ќе се најде на пазарот веќе од следниот месец, во соработка со американската компанија “Kickstarter”. Германецот порачува дека ерата на скршени екрани е завршена.

Се уште не е познато колку би можела да чини оваа маска.

Извор: Klix.ba