Канадските компании се приклучуваат кон се поголемиот список на светски познати брендови кои решија да не се рекламираат на Facebook во јули, поради одбивањето на компанијата да преземе мерки против ширење содржини со омраза на својата платформа.

Канадските компании „Лулулемон“, „МЕЦ“ и „Арктерикс“ ќе ги повлечат своите платени реклами од „Facebook и ќе се приклучат на бојкотот, кој веќе го поддржаа Coca-Cola, Microsoft, Ford Motors и многу други.

Различни групи за граѓански права, вклучително и Лигата против клевета и Националното здружение за унапредување на животите на „обоените“ луѓе, велат дека Facebook не направил доволно за да спречи расистички, лажни и опасни содржин на својата платформа.

Како што пренесуваат странските агенции, бојкотот на овие компании е значаен, бидејќи приходите на Facebook од реклами минатата година изнесуваа речиси 69,66 милијарди американски долари.

Неодамнешниот пад на акциите избриша 56 милијарди американски долари од пазарната вредност на Facebook и 7,2 милијарди долари нето вредност на основачот Марк Цукерберг.