НАСА под површина на Марс открила лава цевка“, а се наоѓа под Павонис Монс вулканот кој е повисок од Монт Еверест. Отворот на вулканот е широк околу 35 метри додека пак пештерата е на 20 метри под површината.

НАСА на социјалните мрежи споделила и фотографии од мистериозниот отвор на еден од најголемите вулкани на Марс, “лава цевка“ која во иднина може да се кориски како човечка населба.

Отворот се наоѓа на Пановонис Монс, вулкан во близина на екваторот и висок е околу 14 километри.

„Отворите како овој го имаат нашето посебно внимание затоа што внатрешноста на пештерите се релативно заситени од острата пвршина на Марс, правејќи ги толку добри кандидати за подрачје на кое што може да се живее“ – пишуваат од НАСА.

Како што пишуваат од „Newsweek“ слични такви цевки пронајдени се и ширум планетата Земја – на Хаваите, во Шпанија, на Исланд и Галапагос.

Спомнатите цевки се формираат по ерупција на вулкан додека лавата тече под површината на Земјата околу вулканот. Додека тече, лавата формира тврда кора, давајќи така добра потпора во подземните пештери за да не се срушат.

Се верува дека земјиштето околу вулканот Павонис Монс е полно со подземни “лава цевки“. Исто така тој вулкан е “заштитен вулкан“ затоа што има многу слоеви на оладена лава.

Научниците веруваат дека овие “лава цевки“ веројатно се најголемите подземни површини на Марс кои би можеле да ги заштитат луѓето доколку тие дојдат на Марс, од разните опасности од опкружувањето, вклучувајќи ја и космичката радијација и микрометеоритите.