Московскиот државен технички универзитет за патишта почна тестирања на нов автономен автомобил во рускиот главен.

Ова го соопшти градската информативна агенција „Москва“ повикувајќи се на заменик-раководителот на Центарот за управување со компетенциите на вработените во МАДИ за паметни транспортни системи Андреј Воробјов.

„Главната одлика на новиот автомобил, за разлика од неговите претходници, е тоа што може да разменува информации со паметни патни системи“, објасни Воробјов.

Засега тестирањето се врши на едно возило, а до есен е планирано да се вклучи уште едно. Возилото е обележано со буквата „А“ со која е означено Автономно возење и има ротирачки светло со жолта боја.

На почетокот на оваа година возила без возач на руската ИТ-компанија „Јандекс“ поминаа серија тестирања на улиците на американскиот град Лас Вегас во рамките на подготовките за саемот на потрошувачка електроника Consumer Electronics Show.

Извор: Russia Beyond