Произведувачите на автомобили Toyota и BMW соопштија дека го запираат производството во фабриките во Европа.

Во двете фабрики на Тојота во Велика Британија се вработени 3000 луѓе, кои ќе бидат на платено отсуство. Според очекувањата, прекинот на производството ќе трае најмалку две седмици, јави Би Би Си.

BMW најави слични чекори, односно прекин на производството во фабриките во Европа и Јужна Африка.

Двете фабрики појаснија дека дошло до опаѓање на продажбата на автомобили поради епидемијата на коронавирусот, дека имаат тешкотии во одржувањето на синџирот на набавка, но и дека сакаат да ги заштитат вработените од заразата.