Android 11 сега е достапен во својата Developer Preview верзија, што значи дека неколку месеци пред неговата објава можеме да видиме што ќе имплементира новата верзија на платформата. XDA Developers тимот го истражи кодот на Android 11 и пронајде интересни информации.

Судејќи според се, Google Pixel 5 ќе поддржува обратно безжично полнење. Функцијата ќе го носи името Battery share во Settings менито, а ќе овозможи Pixel 5 безжично да ги полни слушалките, паметните часовници или други телефони.

Функцијата секако не претставува новина во мобилниот свет, но досега Pixel телефоните не ја имплементираа. Работата на оваа опција е се уште во прогрес.

Во кодот на Android 11 е откриена и ознаката “redfin”, за која се верува дека е кодно име за еден од Pixel уредите од 2020. година, кој му припаѓа на горниот среден сегмент, а го покренува Qualcomm Snapdragon 765 чипсет.