Постоеја гласини за тоа дека Xiaomi подготвува два евтини смартфона, со камери од 64MP и 108MP, но од јули не се појавуваа дополнителни информации за овие уреди. Сега реномираниот дојавувач ги сугерира кодните имиња за двата телефона, како и бројот на модел за уредот со 108MP.

Се верува дека кодните имиња за телефоните ќе бидат Gauguin и Gauguin Pro, од кои Pro моделот ќе има камера од 108MP, додека другиот модел ќе има 64MP камера сензор. Со оглед на тоа што Gauguin Pro ќе биде најевтиниот модел со 108MP камера, претпоставка е дека двата уреда ќе бидат објавени во рамките на Redmi брендот.

Дојавувачот сугерира дека се приближува објавата на телефоните, така што наскоро се очекува остатокот од спецификациите за претстојните модели.